Фото: Принтскрин
По најавата за новиот закон за пушење, со кој ќе се ограничи конзумирање на обични и електронски цигари на многу локации следеше реакција и од познатата инфлуенсерка „Ина Многуфина“.
„Убаво што ќе носат нов закон за цигари, но дали само ќе го донесат или ќе има контроли? Реално и сега добар дел од терасите не исполнуваат услови за пушење па не гледам дека некој ги казни. И до сега беше забрането рекламирање на цигари па на каса ќе видевте флаерче кај пластичното. Ако се носи нек се носи и да важи сегде, не да пушат по канцеларии во јавна администрација, а да важи само за кафичите во Скопје ама кафичите во Центар и Карпош. Другите лабаво“, објави таа.
