Фото: Принтскрин
Поранешната потпретседателка на СДСМ, Ана Чупеска реагираше бурно на социјалните мрежи по фотографиите со осветување на новите возила во Министерството за внатрешни работи (МВР).
„Се прашувам, кога ќе дојдат на ред претставниците од ИВЗ, Јеховините сведоци, Харе Кришна и сите останати верски (или духовни) заедници да ги осветуваат возилата на МВР?! Ова што го прави министерот Тошковски не е само несоодветно, непримерно и неупатно, туку е директна навреда за сите вработени во МВР кои не се православни христијани или се можеби атеисти. Полициските возила се јавно добро – купени со пари на сите граѓани и треба да им служат на сите подеднакво.
Министерот може дома да си вика поп за сопствените кола и станови, но институцијата МВР не смее да биде заложник на лични верски убедувања. Ова е чист пример за симболично насилство! Наместо пораки за мир и хармонија, во овие празнични денови, чија основна суштина е прифаќање и мир со другиот, каква порака праќа министерот со овој гест? Дека законот и државата припаѓаат само на една група?! Срамота! Прашање до г-дин Тошковски : која е пораката што сакате да пратите Министре ?! Која ?!“, објави Чупеска и тоа може да се погледне ТУКА.
