Фото: Собрание на Република Македонија
Дел од македонските пратеници повторно продолжуваат со трошење на огромни суми на пари за патни трошоци, а „Инфомакс“ објави листа од топ-10 пратеници со најголеми патни трошоци за 2025 година.
Рекордер, според објавата, е Кире Божиновски од ВМРО-ДПМНЕ кој земал неверојатни 637.233 денари. Веднаш позади него следи Петар Ристески со 602.187денари, а на третата позиција е Јован Митрески со 464.150 денари.
Кире Божиновски (ВМРО-ДПМНЕ) – 637.233 денари
Петар Ристески (ВМРО-ДПМНЕ) – 602.187 денари
Јован Митрески (СДСМ) – 464.150 денари
Јулија Тушевска (ВМРО-ДПМНЕ) – 446.854 денари
Зоранчо Јованчев (ВМРО-ДПМНЕ) – 426.640 денари
Беким ќоку (Алијанса за Албанците) – 418.281 денари
Драгана Арсова (ВМРО-ДПМНЕ) – 382.285 денари
Петар Марков (ВМРО-ДПМНЕ) – 381.829 денари
Никола Коњановски (СПМ) – 373.415 денари
Миле Талевски (СДСМ) – 372.254 денари
Подетално може да прочитате на „Инфомакс“.
Извор: Инфомакс
