Фото: Принтскрин
Силните дождови во изминатиот период предизвикаа големи проблеми низ Македонија.
„ТВ21“ објави дека потпорен ѕид се урнал во Тетово, а истиот паднал врз две куќи и автомобил кој се наоѓал во близина.
Семејствата претрпеле големи материјални штети, но за среќа нема настрадани лица во рушењето на потпорниот ѕид.
Повеќе за тоа може да прочитате на „ТВ21“ и да погледнете на нивното видео.
Видео: ТВ21
