Фото: Принтскрин
Избувна голем пожар во магацин на пазар во Тирана, Албанија во текот на минатата ноќ.
Над 50 пожарникари беа ангажирани на терен за да го изгаснат пожарот кој зафати голем простор во кој имало и запаливи материјали.
Според првичните информации, нема повредени лица, но предизвикана е поголема материјална штета.
