Фото: Принтскрин
Наксоро во Македонија се очекува воведување на радикален закон за забрана за пушење на цигари, која ќе важи во сите затворени простори, објави „Телма“.
Новиот закон е веќе скроен и „Телма“ објави дека забраната ќе важи во сите угостителски објекти, како ресторани, барови, меани, но ќе има забрана и за пушење во автомобил, во присуство на дете, на автобуски и железнички станици.
Исто така, обичните и електронските цигари нема да смеат да бидат видливо изложени на рафтовите. Повеќе за тоа може да прочитате на „Телма“.
Непочитувањето на Законот за заштита од пушењето предвидува казна од 2.000 до 4.500 евра за правното лице, за одговорното лице во правното лице од 500 до 1.000 евра, додека физичкото лице што ќе биде фатено како пуши во затворен објект предвидена е парична казна од 100 до 300 евра, според актуелните закони, а дали ќе има измена останува да видиме.
Извор: Телма
