Фото: Принтскрин
По завршување на гласањето во „Гласот на Европа“, Тина Русева успеа да обезбеди место во топ-6.
„Да се стигне до Топ 6 на „The Voice of Europe“ е огромна чест и признание, но уште поголема е одговорноста што доаѓа со рекордната поддршка од сите вас.
Овој успех не е случаен! Тоа е резултат на заедничка енергија, доверба и љубов кон музиката.
Секој глас што го добив, секоја порака и секој збор на поддршка ми покажа дека овој пат не го одам сама.
Луѓето препознаа искреност, емоција и вистина и токму тоа ми дава сила да одам понатаму, посилно и похрабро.
Топ 6 е потврда дека сум на вистинскиот пат.
Голема благодарност до сите што гласаа и што продолжуваат да веруваат. Вашата поддршка е мојот најсилен мотив. Заедно покажуваме дека со срце, работа и вера ништо не е недостижно.
Ова не е крајна дестинација.
Ова е чекор поблиску до сонот.
Продолжуваме кон Топ 3 – заедно.
За следните селекции и начинот на избирање секако ќе бидете информирани наскоро!
Ве сакам,
Тина Русева“, напиша таа.

