Фото: Пианец
Младото момче од Македонија, Стивен Ивановски, кој загина во пожарот во швајцарскиот бар во Кран-Монтана бил заедно со неговата сестра, објавија од македонското друштво „Пианец“.
„Стивен го загуби животот во барот. Неговата сестра, која излегла на момент да земе воздух, за среќа си го спасила животот. Голема трагедија. Ужасна судбина на семејството. Стивен зад себе остава скршено семејство, кое ќе го следи оваа брутална загуба. Живот завршен предвреме“, пишува во објавата.
На социјалните мрежи веќе се сподели апел за помош на семејството на младиот Стивен.
