Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Владимир Путин Володимир Зеленски ДНК Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Иран Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил грција дискотека доктор донација земјотрес кочани македонија нови сад пари плата пожар полиција помош протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија тепачка тетово трагедија убиство украина црква
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

Отец Бобан за Бадниковите поворки: Тие се показ за побожност и дел од заедничкото христијанско наследство

Gladiator 08/01/2026

Фото: Отец Бобан Митевски

Отецот Бобан Митевски објави статус на социјалните мрежи во кој имаше што да каже за Бадниковите поворки кои се организираат ширум земјата.

„Овој пат, во оваа update верзија на Громоименитиот, нешто ми се допадна – поентата дека Бадник не е поголем празник од Божик. Всушност, Бадник и не е празник, туку е навечерие, предворје на празникот кого го нарекуваат “митрополија на сите празници” – Рождеството Христово (Божик).

Добро е, напредуваме, со кратки чекори, ама во вистински правец. Следен позитивен исчекор би бил да се прочита негово расудување, секако обезличувачко, за малските коледарски огнови, се надевам не се имплицира дека спаѓаат во споменатата “традицијата на нашиот народ” – тој норматив што се наметнува како општост и одбрана за сѐ што треба да се отфрли како “не наше”, во духот на тенденцијата да се антиквизира сѐ, па дури и христијанството. Зашто токму тие огнови од “палети” и многу “кич и шунд” воопшто не одговараат на духот “побитни од бдение и молитви”. Секако, секој што употребува со сигурност “бдение и молитва” како преданиска противтежа на суеверие и паганизам – е утврден со честост во нив, впрочем знае за што зборува (?!)

Тоа што не е разбрано е дека иницијативите со Бадниковите поворки имаат цел да внесат култура, цивилизираност, префинетост, убавина, хармонија. И кога ќе ги видиш во целост, показ се за побожност, би рекол – плод се на побожност. Воопшто не се само “увоз” – туку се домашни, што го докажува етнографијата и етнологијата; се и копирани – но сепак се од заедничкото христијанско наследство, што подалечно, што поблиско. Ако по оваа логика оди братот – утре ќе почне да ги “сакати” и “преосмислува” и богослужбените чинови и некои материјални аспекти во нив.

За другите невистини во објавата на братот, го посочувам моето минатогодишно добронамерно поучение:

“Навистина, ја разбирам потребата за популизам и внимание, ја разбирам своеволната стратегија на некои со цел да го насочат вниманието кон друга тема…, но не ги оправдувам. Светото, светињата, никако не се потчинети на суетни и стратегиски потреби, не се за злоупотреба.

Божикните поворки не произлегуваат од богослужбениот редослед (затоа и нема крст како кај литиите), тие се собир кој е континуитет на постара христијанска традиција, кога преку набожните песни и соодветните украсни елементи, како симболична претстава на некои аспекти од изворниот настан, се објавува пред светот и луѓето раѓањето на Богомладенецот. И во постарата традиција, засведочена како верски феномен и во научната литература, ги има песните, ѕвездите, куќарките во вид на пештери, а внатре икона, што верниот народ ги изработувал катагодишно. И денес сѐ е исто, а во пештерите има икона исечена по контури, кои воопшто не се “статуетки”, практика која отсекогаш е запазена во Православието – погледнете го, на пример, Распетието Господово по храмовите…. Да не го заборавиме слободното толкување на тоа дека децата со ѕвезда во раката се слика на ангелите од Божикната вечер.

До сомнеж ме зачудува лажното претставување на целокупниот настан, кога наместо да се ракоплеска на севкупната полза од истиот, некој се обидува во псевдозилотски стил да го сведе на доктрини, правила, канони, при тоа лажно интерпетирани и злоупотребени.

Извинете, но крупната слика е: илјадници деца Го слават Бога со соодветни напеви, се образуваат во верата, тргнуваат да го објават раѓањето на Спасителот од различни храмови и на крај повторно сите се наоѓаат во храмот, претходно се собираат по црквите и домовите за да ги изработуваат реквизитите, па пејат “Вечниот Бог” и други каланди, се дружат и социјализираат, биваат учени и воспитувани… радост и насмевки на сите страни. Знаме, впрочем, кому пречат трудот и успехот во мисионерското и евангелизаторско дело на Црквата!

Оттука, не е воопшто според кодексот на доброто однесување кога нечија некомпетентност, патем самопосочена во објавата, ќе се јави, веројатно со интенција на нешто друго, да искоментира верски настан. Во овие ситуации, секогаш ми доаѓаат на ум зборовите на свети Николај Жички:

“Лесно е да научиш необразован човек,

лесно е да научиш животно,

но тешко е да го научиш тој што неук сака да биде учител на други”“, објави отец Бобан.

Tags: Бобан Митевски отец

Continue Reading

Previous: (ФОТО) Малата хероина Викторија по втор пат ја победи леукемијата
Next: (ВИДЕО) Се вери Кија Коцкар – ваков веренички прстен досега не сте виделе

Најново

  • Ќе се зголеми ли повратот од „МојДДВ“? Еве како гласаа пратениците во Собранието
  • Уапсен 52-годишен професор кој барал од средношколка да имаат полови односи
  • (ФОТО) „Потонаа“ цените на нафтата на берза: Еве колку чини во моментов
  • (ВИДЕО) Брутално ги претепале пред ноќен клуб во Загреб: Еден од нив неодамна оперирал тумор
  • (ФОТО) „Ако ти е мала платата, те чекаме на протест“: Трендафилов го најави протестот во Скопје

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

Ќе се зголеми ли повратот од „МојДДВ“? Еве како гласаа пратениците во Собранието

Ќе се зголеми ли повратот од „МојДДВ“? Еве како гласаа пратениците во Собранието

10/03/2026
Уапсен 52-годишен професор кој барал од средношколка да имаат полови односи

Уапсен 52-годишен професор кој барал од средношколка да имаат полови односи

10/03/2026
(ФОТО) „Потонаа“ цените на нафтата на берза: Еве колку чини во моментов

(ФОТО) „Потонаа“ цените на нафтата на берза: Еве колку чини во моментов

10/03/2026
(ВИДЕО) Брутално ги претепале пред ноќен клуб во Загреб: Еден од нив неодамна оперирал тумор

(ВИДЕО) Брутално ги претепале пред ноќен клуб во Загреб: Еден од нив неодамна оперирал тумор

10/03/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • Ќе се зголеми ли повратот од „МојДДВ“? Еве како гласаа пратениците во Собранието
  • Уапсен 52-годишен професор кој барал од средношколка да имаат полови односи
  • (ФОТО) „Потонаа“ цените на нафтата на берза: Еве колку чини во моментов
  • (ВИДЕО) Брутално ги претепале пред ноќен клуб во Загреб: Еден од нив неодамна оперирал тумор
  • (ФОТО) „Ако ти е мала платата, те чекаме на протест“: Трендафилов го најави протестот во Скопје

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.