Фото: Принтскрин
Српската пејачка Јелена Карлеуша на 7 јануари гостуваше во емисијата кај Јована Јеремиќ и зборуваше на различни теми, меѓу кои и нејзиниот брак со поранешниот сопруг и фудбалер Душко Тошиќ.
Карлеуша посочи дека во нивниот брак се вмешал ѓаволот, па поради работите кои се случиле повеќе не можела да остане во врска со него.
„Ако верувам во Бог, тоа значи дека верувам и во ѓаволот? Сметам дека во нашиот случај еден ѓавол ги вмеша прстите. По 17 години брак никогаш не можев повеќе да бидам со Душко. Како да го преживее една жена тоа што го преживеав јас? Никој не ме заштити, а имав две опции. Една беше да си го одземам животот, тоа ми го посака и прекрасниот Душко, а тука нема оправдување“, кажа Карлеуша во емисијата „Ново утро“.
