Фото: Принтскрин
Голем пожар вечерва ја „проголта“ фабриката на „Комодита“ во Ѓаковица, Косово.
Веднаш на местото на пожарот пристигнаа пожарникари и полицајци, а се огласија и од компанијата.
Од „Комодита“ информираат дека работниците биле евакуирани, односно нема повредени, а притоа им се заблагодарија на службите за брзата реакција.
