Фото: Принтскрин
Тешка сообраќајка се случила на свиок на патот од Бука кон Ивањица во Србија, откако возило полно со патници излетало од патот и завршило во семејна куќа.
Според жителите, во моментот на незгодата се слушнал силен удар, а кога излегле да видат што се случува забележале возило превртено на кров.
Во автомобилот имало четири патници, но за среќа ниту еден од нив не бил потешко повреден.
