Фото: Орце Ѓорѓиевски
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски објави порака на социјалните мрежи и фотографии од неговиот дом.
Ѓорѓиевски откри дека паричката во неговиот дом се паднала во синот Ведран.
„Божјиот благослов оваа година кај Ведран.
Жив и здрав да си сине!
Бадник, вечер исполнета со вера, љубов и семејна топлина.
На здравје и благословена Бадниковата вечера на сите.
Нека Бог ве дарува само со убавини, мир и бериќет.
Бадник е светата традиција што нè собира околу трпезата и срцата, место каде што владеат хармонијата, љубовта и спокојот.
Моменти тивки, а непроценливи.
Моменти што се паметат и се пренесуваат од поколение на поколение.
Оваа година, радоста е уште поголема, затоа што среќен пронаоѓач на паричката беше нашиот Ведран.
За нас, тоа е најголемиот благослов.
Да нѐ чува и заштитува Бог сите, денес и секогаш.
Ви посакуваме многу љубов, здравје и бериќет во секој дом.
На здравје и од Бога благословена Бадникова вечер.
Семејство Ѓорѓиевски“, објави градоначалникот.
