Фото: Лучијано Чорев
Лучијано Чорев од Велес оваа година повторно ги израдува неговите сограѓани, откако реши да подели дури 900 оброци на лице кои не можат да си обезбедат храна.
Чорев кажа дека поделил 900 оброци на луѓето на кои им било најпотребно, а се надева дека и следната година ќе успее истото да го реализира.
Видеото на социјалните мрежи го објави Божана Кулавкова од Радио „Голди“, а истото може да го погледнете во продолжение.
Видео: Радио „Голди“
