Фото: Принтскрин
ЈП „Лајка“ – Скопје објави дека е спасено повреденото куче кое беше заглавено во Серава.
„По дојава од загрижени сограѓани за куче кое е повредено и заглавено во Серава (поточно Бутел), нашите Јелена и Маца, искочија на терен да му помогнат и да го извадат од реката.
Му благодариме и на Љупчо Спасовски кој помогнал во оваа акција.
Кучето кое три дена барало излез од коритото на Серава е пат кон ЈП Лајка.
Огромна благодарност до Јелена и Маца кои за нас, а и за ова куче се Божиќни херои“, објави ЈП „Лајка“.
