Фото: Принтскрин
Речиси 1.000 вработени добија пријатно изненадување пред празникот Божиќ, откако „Стокомак“ реши да им исплати бонус.
„По повод Божиќ, речиси 1000 наши вработени добија верски бонус од 5000 денари како признание за нивната посветеност и труд во изминатата година, се вели во објавата.
Бонусот е наменет за припадниците на христијанската вероисповест.
За нашите вработени муслимани, верскиот бонус ќе биде исплатен пред Рамазан Бајрам.
Среќни празници!
Со почит,
Ваш Стокомак“, соопштија од компанијата.
