Фото: Принтскрин
Професорот Гордан Калајџиев објави на неговиот профил дека добил две решенија за плаќање данок на дневници и патни трошоци од 2020 година.
Калајџиев објави дека бил испратен од државата како експерт во меѓународна организација и работел „про боно“, а сега му барале да плати 10 отсто данок.
„Деновиве добив не едно туку две решенија за оданочување на дневници и патни трошоци како “доход” за далечната 2020 год. Ако е празен буџетот да ви дадам на заем?!
Државата ме праќала како експерт во меѓународна организација за што сум работел pro bono и сега ми наплаќа 10% од трошоците што Советот на Европа ми ги вратил за патните трошоци!! Ем шуто ем боде!“, објави Калајџиев.
