Фото: МВР
Министерството за внатрешни работи (МВР) објави дека едно лице е приведено, откако украло пари од црква во Гостивар.
„Денеска 05.01.2026 во 08:50 часот на бул.„Гоце Делчев“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Ф.И.(35) од с.Вруток, гостиварско. Тој се сомничи дека во текот на утринските часови извршил кражба во црквата „Света Богородица“ во Гостивар, при што одзел пари. Кај него се пронајдени и одземени дел од украдените пари“, соопшти МВР.
Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
