Фото: Hristijan Mickoski
Премиерот Христијан Мицкоски доби прашање дали ќе ја поддржи иницијативата на Град Скопје за дислокација на Усје, по што даде одговор дека Владата не може да ги надмине своите ингеренции.
Мицкоски кажа дека никој не може да влезе кај некого дома и да му каже да си ја пресели куќата, па останува да се види што ќе се случи со Усје.
Во меѓувреме државниот инспекторат изврши неколку контроли и утврди дека нема неправилности во Усје, односно фирмата ги почитува правилата.
Од инспекторатот исто така посочија дека домаќинствата и сообраќајот се главни загадувачи на воздухот во главниот град.
Видеото може да се погледне ТУКА.
