Фото: Принтскрин
Тешките временски услови и снегот во Србија направија голем проблем за возачите, па така еден автобус со македонски регистерски ознаки излетал од патот.
„Цела Србија е под снег. Од претпријатијата во Србија препорачуваат да се вози внимателно“, пишуваат српските медиуми.
Засега не е позната состојбата на патниците кои биле во македонскиот автобус.
