Скопје изгуби една од најпознатите иконски личности на својата урбана сцена – Зоки Панкер, човекот зад култните клубови „Балет“ и „Фолк“. Неговата енергија, страст и уникатен дух оставија неизбришлив печат врз ноќниот живот и културниот ритам на градот.
Пријателите, соработниците и многу обожаватели на социјалните мрежи се збогуваат со него, споделувајќи спомени за неговиот хумор, отвореност и незаменлив придонес кон скопската атмосфера.

