Фото: Принтскрин
Зголемувањето на платите ќе изнесува меѓу 7,5 и 10 проценти од платата, во зависност од пресметките, најави министерката за образование Весна Јаневска на прашањето за наставниците.
Платите ќе им бидат зголемени во март 2026 година, а тоа треба да биде дополнителен мотив за нив, посочи министерката.
„Ова е мотив за наставниците. Тоа што досега не беше остварено, ние го направивме. Дополнителен мотив за наставниците е кариерното натпреварување. Горда сум на успехот кој го постигнавме“, кажа Јаневска.
