Фото: Принтскрин
На социјалните мрежи следеше реакција по пожарот во Штип, каде што се запали оџак поради што две лица завршија во болница.
Штипјанка објави дека претходно се јавила да го пријави пожарот, но пожарникари не излегле на терен затоа што оџакот не бил нејзин.
„Вчера се јавив на 112 за истиот пожар за кој се зборува во објавата, кој го гледав од балкон. Од 112 ме префрлија во ТППЕ – Штип, за да ми кажат дека не можеле да излезат на терен бидејќи не бил запален мојот оџак, туку туѓ и дека треба сопствениците да пријават. Ова подолу е исходот“, објави таа.

