Фото: Принтскрин
Швајцарската полиција продолжува со истрагата и идентификацијата на жртвите на пожарот кој изгоре на новогодишната ноќ и одзема најмалку 40 животи, а над 110 беа повредени.
Порталот „Ле Нувелисте“ објави дека се идентификувани телата на 24 жртви, а меѓу нив има и лица од 14, 15 и 18 години.
Меѓу жртвите се наоѓа и Стефан Ивановиќ, државјанин на Србија, кој работел во барот како заштитар.
Медиумите пишуваат дека се идентификувани и шест жртви од Швајцарија на возраст од 16 до 31 година.
