Фото: Принтскрин
Вчера беа организирани протести кои почнаа од Чаир и завршија пред Кривичниот суд во Скопје поради казната за Фатон Љури.
Тие сметаат дека казната од 11 години затвор е превисока за Љури, кој со мотоцикл на 1 јули 2025 година го прегази 68-годишниот Југослав Николовски на пешачка патека без да има возачка дозвола и без кацига.
Истрагата покажа дека Љури бил во бегство два дена, по што заврши зад решетки.
„Зошто да се казни 24-годишен, млад дечко, кога не сакајќи се случило, утре може да се случи на сите?“, прашува еден од учесниците на протестот.
