Фото: Принтскрин
Лидерот на Левица и пратеник во македонското Собрание, Димитар Апасиев реагираше по случувањата во Венецуела, каде што американските сили имаа акција.
„Дивјаците од Запад КИДНАПИРАА претседател на суверена држава и неговата жена, за да докажат дека им се може! Ова е надвор од меѓународното јавно право и од здравиот разум. Btw, земјата која ја нападнаа нашите “стратешки партнери” (која има скоро 30 милиони жители) има најголеми резерви на нафта и минерали во светот“, објави Апасиев.
