Фото: Принтскрин
Почина двегодишното дете кое беше тешко повредено на новогодишната ноќ, откако било погодено од залутан куршум.
Детето најпрво било пренесено во Градската општа болница, а потоа на Клиниката за детска хирургија поради тоа што се наоѓало во критична состојба.
Докторите констатирале масивно крварење во мозокот, при што биле преземени сите мерки, но за жал утрово била констатирана смрт.
