Фото: Принтскрин
Сообраќајниот хаос на Клиничкиот центар во Скопје со години беше проблем и главоболка за граѓаните затоа што ретко се наоѓаше паркинг место.
Сепак, тоа треба да стане минато со изградба на нови катни гаражи, а една од нив ќе почне да се гради до втората половина на 2026 година.
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски посочи дека изградбата ќе почне до втората половина на оваа календарска година и тоа треба реално да го реши проблемот и за вработените и граѓаните кои доаѓаат на Клиника.
