Фото: Принтскрин
Државниот инспекторат за животна средина извршил неколку контроли во „Титан Цементарница Усје“, при што не биле пронајдени прекршувања.
Иако граѓаните често реагираат за загадениот воздух во главниот град, а се бараше и дислоцирање на „Усје“, сепак инспекторите не утврдиле прекршување на прописите.
„Последните вонредни надзори беа извршени ноќе, на 18 ноември во 22 часот со инспектор од Град Скопје и на 18 декември со инспектор од општина Кисела Вода. Кај сите надзори не се утврдени неправилности во работата на овој правен субјект“, кажа директорката Ивана Гиновска.
