Фото: Принтскрин
По дочекот на новата година пристигнаа и прекрасни вести, односно се родија многу бебиња, а едно од нив беше Теона, првото бебе во општина Гази баба.
Градоначалникот Бобан Стефковски им честиташе на родителите и кажа дека ќе биде доделена еднократна парична помош од 20.000 денари.
„ТЕОНА, ПРВОТО БЕБЕ ВО ГАЗИ БАБА! Утрово ја посетив Теона – првото бебе, жител на општина Гази Баба, кое се роди вчера попладне на првиот ден од новата година. Им честитам на среќните родители Ирина и Мартин од Јурумлери.
Првото женско дете во годината симболизира нов почеток, надеж и радост. Посакувам да има многу рожби и да се раѓаат здрави и среќни дечиња. Првороденото бебе ќе добие еднократна парична помош од општина Гази Баба во износ од 20.000 денари, како и финансиска поддршка за секое новороденче во висина од 8.000 денари. Нека е жива, здрава, благословена и весела нашата Теона!“, објави Стефковски.
