Фото: Принтскрин
Министерството за здравство ги разгледува можностите и капацитетите за да обезбеди соодветна поддршка на Швајцарија доколку има потреба за медицински згрижување на повредените во пожарот во Кран-Монтана.
„Во таа насока, Министерството за здравство веќе постапува во координација со Дирекцијата за заштита и спасување на РСМ, а преку Координативниот центар на ЕУ за одговор на итни случаи (EU ERCC) воспоставен е канал на комуникација и со здравствените власти во Швајцарија.
Воедно, Министерството за здравство изразува искрено сочувство до семејствата на настраданите и најдлабока солидарност со повредените од овој трагичен настан“, соопштија од министерството.
