Фото: Принтскрин
Членот на СДСМ, Андреј Жерновски испрати порака до премиерот Христијан Мицкоски, откако се појави информација дека мигранти предизвикале инцидент на плоштадот.
„Има ли поубав почеток на Новата Година од тоа да си дадеш оставка?
Ете, не мораше ние да ти ги најдеме твоите мигранти. Самите ти дојдоа на плоштад да си прослават со тебе. Ги разбирам, сакале да влезат во Новата 2026-та со некои близок, а кој да им биде поблизок од тебе, односно од оној кој им овозможил да влезат во Македонија?
Да беше од збор, ќе се качеше на бината, ќе почнеше да одбројуваш “10,9, 8, 7…” и на крај ќе кажеше “Оставкааа” !!!
Ех, што аплауз ќе беше тоа. Ќе имаше петарди и огномет како никогаш досега. Што воодушевување ќе предизвикаше, не само таму, туку во секој дом.
Си бил видно нервозен и „со висок тон“ по телефон си побарал да бидат отстранети мигрантите бидејќи “проблем ќе ти направат“?
Чекај, чекај, нервозата допрва доаѓа.
Ајде, ЈА ЧЕКАМЕ ОСТАВКАТА“, објави Жерновски.
