Фото: Принтскрин
Комерцијална Банка соопшти дека исплатата на пензиите ќе почне на 30 декември (вторник).
„Започнуваме со исплата на пензиите од вторник, 30 декември. Ако користите дебитна картичка, со вашата пензија ќе може да располагате истиот ден.
Користете ја безбедно и удобно – плаќајте безготовински во продавница или онлајн или, пак, подигнете пари од банкомат.
Ако повеќе сакате да ја подигнете пензијата во филијала или експозитура, ќе може да го направите тоа од 30 декември и во секој работен ден после тоа“, објави Комерцијална Банка.

