Фото: Принтскрин
Министерот Иван Стоилковиќ објави дека неколку лица биле отпуштени затоа што имале импровизирани кревети во канцеларија, па сега решија да реагираат од опозициската ДУИ.
ДУИ велат дека министерот упатил клевети без факти, докази и одговорност и ги навредил работниците и нивните семејства.
„Премиерот сè уште нема побарано извинување за неоснованите и навредливи обвинувања што јавно ги упати кон албанските службеници во Министерството за меѓуетнички односи, со што ги навреди не само нив, туку и нивните семејства“, соопштија од ДУИ.
