Фото: MUP Srbija
Ножот на неидентификуваниот напаѓач од Белград бил пронајден, објавија српските медиуми. Монструмот уште не е познат на јавноста, иако се проширија фотографии и цел град го бара заедно со полицијата.
Потрагата по напаѓачот кој повеќе пати избоде 67-годишна жена и ја украде нејзината торба е во тек, а сега се појавија нови снимки од осомничениот.
Маж во идентична облека бил снимен во белградска менувачница како менува пари. Единствена разлика кај лицето било што немал брада и му била скратена косата, пишуваат српските медиуми.


