Фото: Принтскрин
Грчката пратеничка Теописти Пети Перка го критикуваше градоначалникот на Лерин, Василеос Гианакис поради тоа што прекинал македонска песна.
Пратеничката кажа дека музичката група „Ендопика“ била спречена да изведува песни со текст поради незадоволство на градоначалникот.
„Не смее да се дозволи мракот и национализмот да го потисне културното наследство, традицијата и уметничкото изразување на нашата заедница“, кажа Пети Перка.
