Фото: ТППЕ Кавадарци
Голема трагедија ја потресе Македонија, откако загина кавадарчанец по пад од карпа при лов, по што пожарникари морале да го извлекуваат неговото тело.
„Почитувани сограѓани, во текот на денешниот ден до нас беше пристигнато барање за извлекување на безживотно тело на наш сограѓанин кој доживеал несреќа при лов односно паднал од карпа висока 150 метри. Веднаш одговоривме на барањето и интервениравме со петмина пожарникари и опрема за работа на височина (алпинистичка опрема).
Со придружба од четворица припадници на МВР Кавадарци и двајца членови на фамилијата се упативме кон длабокиот и непристапен стрмен терен. За жал поради тоа што телото на нашиот сограѓанин се наоѓаше на непростапен и непрооден терен моравме да користиме опрема за алпинизам да се врзиме и обезбедиме меѓу себе да не дојде до дополнителни незгоди.
По целодневен напор на сите присутни по екстремно тешкиот терен на кој буквално спасувачите се движеа низ тесни и клизави карпи, телото успешно е извлечено од длабоката бездна и е предадено на органите за безбедност.
Сочуство до Фамилијата“, објавија од ТППЕ Кавадарци.
