Фото: GladiatorVesti
Вечерва се случи тешка сообраќајка кај Шампионче во Кисела Вода, при што очевидци на несреќата откриваат детали, но и дека едно лице е пренесено во болница.
Возач на такси возило предизвикал сообраќајна незгода откако удрил во неколку возила, а претходно и во девојче кое се здобило со повреди и итно било пренесено во болница, според изјавите на очевидците.
Повеќе детали за инцидентот се очекуваат наскоро од МВР.
