Фото: Принтскрин
Родител на социјалните мрежи објави дека имал непријатно искуство во Домот за здравје во Бијељина, БиХ и тврди дека докторите не сакале да му го прегледаат детето без претходна уплата на партиципација, објави „Црна Хроника“.
Според зборовите на таткото, детето имало висока температура и респираторни проблеми, поради што во брзање го заборавил паричникот и документите.
„Ми кажаа дека детето не може да го прегледаат затоа што се води во Бања Лука, а не во Бијељина. Бараа да го платам прегледот, иако им кажав дека ќе одам до дома да земам пари, само да го прегледаат детето“, открива родителот.
