Фото: GladiatorVesti.mk
Американскиот претседател Доналд Трамп повтори дека го наредил нападот врз Исламска држава во Нигерија, откако тоа било побарано од властите.
„Требаше да го направат тоа порано, но јас им реков да им дадеме божиќен подарок. Не очекуваа, но ги погодивме силно“, кажа Трамп.
Првиот човек на САД кажа дека САД извршила напад врз терористи во северозападна Нигерија зашто претходно биле малтретирани и ликвидирани христијани во регионот.
