Фото: Принтскрин
Прекрасна вест за лицата кои во иднина ќе станат родители во Општина Крива Паланка, затоа што Советот на седницата изгласа мерка за еднократна финансиска помош за новороденче од 15.000 денари.
„Со голема радост споделувам дека на свечената седница на Советот на Општина Крива Паланка беше изгласана мерка за еднократна финансиска поддршка од 15.000 денари за секое новороденче со пријавена адреса на живеење во нашата општина.
Ова е израз на нашата искрена грижа за сите сограѓани и вложување во сигурна и подобра иднина за Крива Паланка“, објави градоначалникот Сашко Митовски.
