Фото: Vladimir Makedon Dimitrovski
Чудото од дете Македон Димитровски уште еднаш покажа дека е вистински гениј и освои златен медал на германската математичка олимпијада.
Македон со овој извонреден резултат се пласира во супер-финалето, кое е закажано за мај во Франкфурт.
„Македон постигна исклучителен успех освојувајќи златен медал на Германската математичка олимпијада успехот е уште поголем заради тоа што е обезбеден со максимален број на бодови. Со овој резултат тој обезбеди пласман на суперфиналето во Франкфурт, кое ќе се одржи во мај 2026. Овој успех е доказ за неговата посветеност, знаење и талент. Добивме најубав поклон за Нова година ти благодарамe“, објави таткото на Македон.
