Фото: Принтскрин
Доктор Никола Пановски објави статус на социјалните мрежи во кој ги предупреди сите дека се шират лажни видеа со неговиот лик на кои се промовираат различни производи.
„ЛАЖНИ ВИДЕА СО МОЈОТ ЛИК.
Почитувани, само да ве потсетам на тоа што го објавив пред 3 години, па повторно пред 2 години, па пред една година. НИКОКАШ НЕ СУМ РЕКЛАМИРАЛ, НЕ РЕКЛАМИРАМ, НИТУ НЕКОГАШ ЌЕ РЕКЛАМИРАМ било каков производ. Кога ќе го прочитате моето име, мојата слика покрај некој производ, а во последно време видеа, се е тоа злоупотреба, ако има интервју, тоа е измислено. Не купувајте го тоа ѓубре. Не ги богатете криминалците. Државата со прст не мрдна да не заштити. Злоупотребата продолжува. Купувајќи таков производ, бидете свесни дека дел од вашите пари одат и за подмитување на оние кои веќе ги плаќаме преку Буџетот да не заштитуваат, како награда што не не заштитуваат. Ообено е опасно да ја прекинете редовната терапија пропишана од вистински доктори и да ја замените со овие лажни препарати, пред се за дијабетес.
Ве молам споделете го ова до сите ваши пријатели и секое видео со мојот лик пријавете го како лажно.
НЕ КУПУВАЈТЕ, АКО СТЕ КУПИЛЕ ФРЛЕТЕ ГО!!“, објави д-р Пановски.
