Вистинска драма се одвивала во трговскиот центар „Lucky Plaza“, кога мало момче за малку ќе доживеело сериозна несреќа на ескалатор. Благодарение на брзата реакција на неколку присутни лица, детето било спасено буквално во последниот момент.
Инцидентот бил снимен и објавен на социјалната мрежа TikTok на 24 февруари 2025 година, а видеото брзо се проширило низ интернет. Снимката, како што може да се забележи, е направена од камера поставена на кацига, најверојатно од моторциклист кој се нашол на лице место.
На видеото се гледа како момчето стигнува до врвот на ескалаторот, кога во тој момент неговата патика се заглавува во отворот кај излезниот дел. Еден од минувачите веднаш се врти и се обидува да го извлече детето, видно вознемирен од ситуацијата.
Во исто време, лицето кое го снима видеото успева да го притисне итното црвено копче и да го запре ескалаторот. Друг маж му предлага на детето да ја соблече патиката, што на крај се покажува како клучен потег.
Со заеднички напор на тројца мажи, момчето успешно ја вади ногата и се спасува, додека патиката останува заглавена во механизмот на ескалаторот.
Под видеото, авторот упатува предупредување до родителите со порака: „Бидете особено внимателни со децата на ескалатор.“
Надлежните институции се информирани за случајот, а истиот доаѓа само неколку дена по сличен инцидент во друг трговски центар, каде што дете завршило во болница поради заглавено стапало.
