Фото: Принтскрин
Полека ни се приближува 2026 година, а од 1 јануари ќе важи законот кој претходно го најави заменик-минитерот за економија и труд, Марјан Ристески.
Ристески објави видео на неговиот профил на кое објави голема вест за пензионерите и студентите.
„Од 1 јануари ќе почне да важи Законот за работно ангажирање со кој се овозможува дополнително да работат пензионерите, студентите и лицата во социјален ризик без да бидат работно ангажирани и притоа да не ги загубат стекнатите социјални и здравствени придобивки“, објави Ристески.
