Фото: Принтскрин
Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ денеска излезе на протест во 18 часот во Скопје, односно на раскрсницата меѓу булеварите „Борис Трајковски“ и „Србија“.
Граѓаните го искажаа револтот поради енормно загадениот воздух со кој се соочуваше главниот град во изминатиот период.
„Не сакаме изговори, сакаме чист воздух“, „Профит за Усје, болест за народот“, беа само дел од транспарентите.

