Фото: Принтскрин
Повеќе нема милост за тие што поседуваат лажни дипломи, односно истото ќе се третира како кривично дело во Црна Гора.
Министерката Анѓела Јакшиќ-Стојановиќ кажа дека во 2023 година биле поднесени 28 кривични пријави за фалсификувани образовни документи, а бројката се зголемила во следните две години, односно во 2024 имало 38, а во 2025 година 88 пријави.
Црна Гора ја заострува својата политика и набрзо се очекуваат да бидат изречени првите затворски казни.
