Фото: Принтскрин
Италијанските медиуми пишуваат дека полицијата уапсила италијански мафијаш кој се криел во Неапол.
Мафијашот бил осуден на затворска казна од осум години и три месеци поради изнуда и корупција, а полицијата го пронашла во стан каде што имал скривница зад радијатор.
По Чиро Андолфи се трагало уште од 2022 година, но полицијата конечно успеала да му влезе во трага и да го уапси пред крајот на 2025 година.
