Фото: Принтскрин
Потрагата по исчезнатата девојка Сара Панчевска заврши успешно, откако на социјалните мрежи беше објавено дека таа е пронајдена.
„Ја најдовме Сара! Голема благодарност до МВР (полициска станица Автокоманда) и до сите граѓани кои совесно и активно се вклучија во нејзината потрага!
Уште еднаш, огромна благодарност од родителите, од мене и од сите нас нејзини пријатели!
*ве молам да не ми пишувате пораки и да ми се јавувате за детали околу пронаоѓањето“, стои во објавата.
