Фото: Принтскрин
Вчера во 14.20 часот било пронајдено безживотно тело на машко лице во водите на реката Вардар во атарот на селото Трубарево.
„На 24.12.2025 во 14:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 11:00 часот во водите на река Вардар, во атар на с.Трубарево, скопско, е пронајдено и извлечено тело на машко лице.
По извршена проверка констатирано е дека е П.С.(71) од Скопје за кој на 23.12.2025 беше пријавено дека се оддалечил од домот“, соопшти МВР.
